Ирина Шајк и Бредли Купер заедно на настан: повторно обединување на екс партнерите (ФОТО)

По кажаното збогум, пред осум месеци, поранешниот славен пар се реобедини. 

Бредли Купер и Ирина Шаик, се сретнаа на еден настан кој се случи после BAFTA и заедно позираа пред фото-објективот.

Откако љубовната приказна заврши, а несогласувањата се надминаа, останува срдечното пријателство.

Ова е првпат Ирина и Бредли да се појават заедно по официјалното збогување минатиот јуни. Поводот бил учеството на британската забава „Vogue and Tiffany & Co“ која се одржала во Лондон, еден од бројните пост-BAFTA настани.

Моделката (34) носела сребрен мрежаст фустан, кој не остава многу на фантазијата, додека Бредли (45) бил дотеран во беспрекорен темен костум.

Заедничката фотографија е објавена на Инстаграм од британскиот „Вог“. И за момент, фановите уживаа во најубавиот пар во Холивуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот