Ирина Шајк без шминка во кревет: Манекенката во изолација ја чита биографијата на Путин (ФОТО)

Профимедиа.рс

Манекенката Ирина Шајк (34) во време на изолација поради пандемијата од коронавирусот го минува времето во својот дом, каде си нашла повеќе од забавна, но и корисна занимација.

Убавата манекенка ја чита книгата „Путин“, дело на рускиот новинар Леонид Млечин, односно биографијата на рускиот претседател Владимир Путин.

Ирина се фотографираше во кревет во опуштено издание, без шнимка, додека во раката ја држи споменатата книга за Путин.

Таа очигледно ужива читајќи, бидејќи не ја трга насмевката од лицето.

Нејзините следбеници на момент заборавија на убавината на оваа Русинка, па во коментари почнаа да полемизираат за книгата која таа ја чита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот