Ирина Шајк ја отвори душата: О, Боже, не знам што да правам, се распаѓам…

Верувајте ми, има денови кога се будам и си велам – О мој Боже, не знам што да правам, се распаѓам, вели супермоделката Ирина Шаик за животот како самохрана мајка.

Откако заврши нејзината љубовна врска со Бредли Купер, минатиот јуни, 34-годишниот супермодел започна нов живот како самохрана мајка на двегодишна ќерка.

Во интервјуто за британското издание на „Вог“, на кое се појавува и на насловната страница, супермоделката си ја отвори душата.

-Две фантастични личности не мора нужно да бидат добар пар, рече ѕездата на модните писти, мислејќи на Бредли Купер, со кого беше во врска од 2015 до 2019 година.

Самохрана мајка: Се будам и не знам што да правам

Ирина не ја крие болката што ја чувствува по разделбата со Купер и тешкотиите со кои се соочува како самохрана мајка, признавајќи дека не постојат едноставни денови.

-Тешко е да се најде рамнотежа помеѓу тоа да се биде самохрана мајка и да се биде работно ангажирана жена, призна манекенката. -Верувајте ми, има денови кога се будам и си велам „О мој Боже, не знам што да правам, се распаѓам “.

Приватен живот далеку од социјалните мрежи

Ова е првпат Ирина Шајк да зборува отворено за нејзиниот личен живот. Кога беше во врска со Купер, таа никогаш не ја изложуваше приватната страна за да биде во центарот на вниманието, а уште помалку на социјалните медиуми.

-Имам многу пријатели кои споделуваат голем дел од нивниот личен живот на Инстаграм или воопшто, на социјалните медиуми, јавно. Им се восхитувам , но  мислам дека се работи за личен избор , рече Ирина во едно претходно интервју за британското списание „Гламур“.

-Бидејќи мојата работа бара од мене да бидам присутна во јавноста, решив дека мојот личен живот ќе биде мирен, истакна супермоделката.

Во контакт со Купер поради ќеркичката

И по разделбата со глумецот, парот даде предност на девојченцето, одлучувајќи и двајцата да живеат во Њујорк за да си олеснат околу гледањето на детето. Договорот склучен на суд помеѓу двајцата предвидува девојчето да го споделува своето време половина со мајката, половина со таткото, односно 50 -50 отсто, освен кога едниот родител е ангажиран на работа надвор од Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот