Ирена Спировска: Не е важно каде чекаш Нова година, туку со кого

Instagram

Со популарната водителка Ирена Спировска зборуваме за тоа како ја одржува својата топ-форма и за модните трендови, на што не би штедела и која, според неа, е Македонка со стил.

Минатата Нова година ја дочекав на моето омилено место, врвот на Водно. Сè уште не знам каде точно ќе ја дочекам оваа Нова година, но не е ни важно каде ја чекаш Новата година, туку со кого, а јас ќе ја дочекам со човекот што го сакам, вели Ирена Спировска за „Женски печат“.

Со популарната водителка Ирена Спировска зборуваме за тоа како ја одржува својата топ- форма и за модните трендови, на што не би штедела и која, според неа, е Македонка со стил.

Како ја одржуваш својата фит-форма која со години е непроменета. Применуваш ли посебен режим на исхрана, вежбање?

– Со години имам иста килажа која се трудам да ја задржам со умерена исхрана и физичка активност. Иако можеби не изгледа така, но јас сум вистински гурман кога е во прашање храната и уживам во секој оброк. Единствено не јадам месо и тоа веќе со години. Ми годи вегетаријанскиот начин на исхрана. Планинарењето, кое е моја голема страст многу ми помага во одржување на фигурата, регулирање на телесната тежина и ми овозможува да имам добра кондиција за работните обврски и долгите снимања. Понекогаш возам велосипед и одам во теретана од време на време. Секако, голема улога игра и генетскиот фактор, кој е, всушност, основа на сè друго.

Колку ги следиш модните трендови?

– Не сум слеп следбеник на модните трендови, напротив. Имам свој стил кој е прилично класичен и во кој најмногу се пронаоѓам. Сакам елеганција и одмереност во облекувањето. Сакам да купувам парчиња гардероба кои се практични и кои можам да ги комбинирам во повеќе комбинации.

Колку време се задржуваш во една продавница и на што најмногу би потрошила пари, односно на што не би штедела?

– Немам навика да трошам многу време по продавници, обично кога ќе ми се допадне нешто го купувам веднаш без да барам и да проверувам на други места. Соработувам со неколку бутици од каде што земам гардероба за телевизиските настапи, па често купувам токму од кај нив. Во последно време најмногу трошам пари на спортски парчиња и на планинарска опрема.

 

Што наjпрво забележуваш кај една жена која не ја познаваш?

– Прво го забележувам стилот, односно дали е убаво и модерно облечена, но впечаток може да ми остави само доколку е дотерана со вкус, складно со годините, фигурата и пригодата.

Која Македонка би ја издвоила по препознатливиот стил?

– Вера Јанковиќ. Специфична, оригинална и своја. Секако, освен препознатливиот стил, кај оваа жена ме воодушевува и нејзината ведрина и младешката енергија што ја поседува.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот