Ирецот Паскал Донахју избран за нов претседател на Еврогрупата

Донахју седнува на фотелјата во момент на длабока економска криза предизвикана од глобалната пандемија на коронавирус. 

Земјите членки на еврозоната, по два круга гласање, го избраа ирскиот кандидат  Паскал Донахју да го замени Португалецот Марио Сентено, на местото претседател на Еврогрупата.

Сентено ја потврди информацијата на неговиот Твитер налог вечерва.

Деветнаесетте министри за финансии на земјите членки на еврозоната гласаа во два круга вечерва за тројца кандидати: Ирецот Донахју, Шпанката Надиа Калвино и Луксембуржанецот Пјер Грамења.

Откако Грамења се откажа по првиот круг, мнозинството гласови отидоа кај Донахју и покрај поддршката што ја имаше Калвино од Франција и Германија.

Донахју седнува на фотелјата во момент на длабока економска криза предизвикана од глобалната пандемија на коронавирус. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот