Ирците испаднаа, Данска и Швајцарија патуваат на ЕП (ВИДЕО)

фото:твитер

Вечерва дознавме уште две репрезентации кои ќе играат на наредниот континентален собир, а тие дојдоа од квалификациската група „Д“. До стартот на осмото коло ниту една селекција сеуште немаше обезбедено настап на ЕП, а за првите две позиции се бореа три репрезентации.

Една од нив мораше да биде третопласирана, на крајот таа несреќа ја имаше Република Ирска која во својот Даблин одигра нерешено со Данска (1:1).

Данците поведоа со погодокот на Брејтвејт во 73. минута од средбата на „Авива“ стадионот. Ирците успеаја да дојдат до реми благодарение на голот на Доерти после асистенцијата на Стивенс (85`).

Швајцарија не остави ништо на случајот и ја обезбеди втората позиција откако ја оправда фаворитската улога кај Гибралтар (1:6).

Па така, на конечната табела Швајцарија освои 17 бодови, пред Данска (16), Ирска на третото место со 13, Грузија четвртопласирана со осум, а без бодови заврши Гибралтар.

Италија со 10 победи од исто толку натпревари го освои врвот во квалификациската група „Ј“.

Со триумфот над Ерменија од дури 9:1 најавија дека „аѕурите“ предводени од селекторот Роберто Манчини ќе бидат едни од главните кандидати за титулата на европскиот шампионат наредната година.

Квалификации ЕП 2020

Резултати –

Гибралтар-Швајцарија 1:6
Грција-Финска 2:1
Р. Ирска-Данска 1:1
Италија-Ерменија 9:1
Лихтенштајн-Босна и Херцеговина 0:3
Малта-Норвешка 1:2
Шпанија-Романија 5:0
Шведска-Фарски Острови 3:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот