Ирците слават, У17 надежите со помали шанси за влез во Елитната фаза

Репрезентацијата на Македонија до 17 години во Корк загуби од домашната селекција на Република Ирска/ фото: ФФМ

После ремито на стартот со Полска (0:0), денеска во својот втор натпревар македонската У17 репрезентација во Корк беше совладана од домашната селекција на Република Ирска со 2:0.

Ирците со втората победа на квалификацискиот турнир си обезбедија влез во Елитната фаза. Домаќините триумфираа со погодоци кои ги реализираа во 31 минута преку Вата и во 73 минута (О`Мехони).

Во второто коло од групата „5“ претходно Полска славеше со 1:0 против селекцијата на Андора и моментно на табелата Р. Ирска има шест бодови, четири Полјаците, еден Македонија, а без бодови Андорците.

Сега ќе бараме „услуга“ од Р. Ирска да триумфира и против Полска со два или повеќе голови разлика за три дена, но и ние против Андора што поубедливо за да стигнеме до второто место.

И четири најдобро третопласирани селекции обезбедуваат пласман во Елитната фаза, моментно сме рангирани како третопласирани, но треба да почекаме (евентуално) како ќе завршат останатите квалификациски групи. Трите бодови сигурно ќе ни бидат добредојдени (за да имаме високи четири до крајот на квалификацииите во сите групи), но секако и натаму не ја исклучуваме можноста во третото последно коло да стигне на втората позиција во групата „5“, иако сега шансите за таа опција ни се помали.

Видео на денот