Иранските залихи на тешка вода го прекршија нуклеарниот договор

Фото: Миа

Иранските залихи на тешка вода, што може да се искористи за производство на плутониум потребен за атомско оружје, ги надмина границите утврдени со нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

За време на увид, откриено е дека иранските резерви „пораснале на 131,5 тони” додека биле дозволени 130 тони. Тоа е првпат да се надмине лимитот откако Техеран во мај објави дека постепено ќе престане да се придржува кон договорот.

МААЕ изјави дека на 16 ноември добиле известување од Техеран дека резервите на тешка вода надминале 130 тони.

Тешката вода не е радиоактивна, но се користи во некои делови на нуклеарните реактори како средство за забавување на неутроните создадени за време на нуклеарната фисија. Производството на плутониум е алтернатива за збогатување ураниум за производство на атомска бомба.

Како одговор на еднострано повлекување на САД од нуклеарниот договор и наметнување санкции, Иран престана да се придржува кон голем број ограничувања уште од мај, вршејќи притисок врз европските потписнички да го помогнат да се справат со политиките на Вашингтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот