Иранските власти демантираат дека го кријат вистинскиот број на смртни случаи од коронавирус

Иранската Влада вети дека ќе биде колку е можно потранспарентна околу прашањата поврзани со епидемијата од коронавирус, откако власта беше обвинета дека ја крие вистинската бројка на заразени и починати од Ковид-19.

Претходно Ахмад Фарахани, пратеник од градот Кум, јужно од главниот град Техеран, ја обвини Владата дека ја прикрива вистинската информација за ширењето на болеста. Властите објавија дека досега од коронавирусот се починати 12 лица, но според Фарахани, смртните случаи се околу 50.

Иранскиот заменик министер за здравство, Ирај Харирчи „категорично ја отфрли” таквата информација, додавајќи дека „сега не е време за политички конфронтации, бидејќи коронавирусот е национален проблем”.

– Ќе ја објавуваме секоја информација за бројот на смртните случаи во земјата. Ветуваме дека ќе останеме транспарентни, истакна портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот