Иранските пратеници изгласаа нов закон за облекување: Жените ќе се соочат со уште построги казни

Фото: Профимедиа

Иранскиот парламент денеска усвои нов контроверзен закон со што значително се заострува постоечкиот кодекс на облекување кај жените и мажите, а што веќе предизвика протести низ целата земја и ја разниша стабилноста на исламистичкиот режим, пренесува Си-Ен-Ен. 

Новиот закон за „чедност (невиност) и хиџаб“ е усвоен од тврдокорниот парламент и одобрен од Советот на чувари, кој обезбедува усогласеност на законот со Уставот и исламскиот закон.

Законот, за да стапи на сила, допрва треба да го потпише претседателот на државата.

Претседателот Масуд Пезешкијан, кој е критичар на строгиот кодекс на облекување, го изрази своето противење на законот, подготвувајќи се за можен судир со конзервативците кои ја поддржуваат иницијативата.

Неговиот потпис на законот е главно церемонијален, што му дава малку простор да го блокира законодавството. Пезешкијан на социјалните мрежи призна дека ќе биде тешко да се запре законот.

Законот воведува тригодишен пробен период во кој ќе се применуваат построги казни за кршење на хиџабот и несоодветно облекување, и за жените и за мажите. Тој ја дефинира непристојната облека како облека што го открива телото под вратот, над глуждовите и подлактиците кај жените, додека кај мажите забраната се однесува на изложеност под градите, над колената, како и на рамената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот