Иранските хакери објавија податоци од полицискиот систем за 105 илјади осомничени Албанци

Фото : Архива

Групата хакери финансирана од Иран за кибер-напади врз Албанија, продолжува да објавува чувствителни податоци добиени од погодените системи.

Групата „Татковинска правда” денеска објави податоци од полицискиот систем МЕМЕКС во кој се наоѓа списокот на лица осомничени дека се вмешани во криминални активности.

Во досиејата што ги објави се имињата на 105 илјади Албанци кои имаат проблеми со правдата, додека на крајот на секоја страница од секој документ пишува „осомничени Албанци”.

МЕМЕКС е познат и како систем за управување со криминални информации и е главната алатка во работата на државната полиција. МЕМЕКС води тајна евиденција за секој криминалец.

Претходно ирански хакери објавија неколку видеа и фотографии од полицискиот систем на камери во Тирана, Пешкопеја, меѓународниот аеродром како и од граничните премини.

Објавените видеа беа придружени со пораката: „Кога безбедноста на терористите во Драч (МЕК) е поважна од безбедноста на вашиот народ, …

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот