Иранскиот напад сè уште е обвиткан во мистерија: Едно сценарио е сигурно и за него се разговара во Белата куќа
Американските разузнавачи објавија дека одржале средба со американскиот претседател Џо Бајден, а темата, како што се претпоставуваше, бил потенцијален напад на Иран и неговите сојузници врз Израел.
Еден од високите функционери рече дека Иран дефинитивно ќе возврати, но дека одговорот на Иран и Хезболах сè уште е во процес на планирање.
Она за што разузнавачите најмногу разговарале со Бајден, но и со потпретседателката Камала Харис, е интензитетот на нападот. Според проценките, разузнавачките служби нагласиле дека се очекува сценарио кое вклучува два брана напади.
„Едниот напад ќе го изврши Хезболах, а другиот Иран. Останува нејасно кој прв ќе нападне и каков напад имаат намера да изведат“, изјавија официјалните лица, а пренесува Џерусалим пост.
Исто така, Белата куќа беше информирана дека Пентагон очекува дополнителни напади на проиранските сили во Ирак, во областите каде што се стационирани американски војници. Првиот напад е веќе извршен на аеродромот „Аин ал Асад“.
„Разговаравме за чекорите што ги преземаме за да ги заштитиме нашите сили и да одговориме на секој напад врз нашиот народ на начин што ние ќе го избереме“, соопшти Белата куќа.