Иранскиот Хулк следната година ќе дебитира во најбрутална легална верзија на боксот – Слободен печат
ВестиПланета

Иранскиот Хулк следната година ќе дебитира во најбрутална легална верзија на боксот

Овој Иранец тежок 154 килограми стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи, каде често ги објавува фотографиите.

BARE KNUCKLE (бокс без ракавици) светот, ќе добие засилување со иранскиот Хулк, Сајад Гариби. Кревачот на тегови, кој изгледа навистина неверојатно, го најави своето деби следната година на настан наречен: USA Vs. Иран: 3 светска војна.

Овој Иранец тежок 154 килограми стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи, каде често ги објавува фотографиите.

Го следат скоро 450.000 луѓе во последните две години. Исто така интересно беше и неговото интервју во 2016 година кога јавно понуди да ја брани својата земја во борбата против терористичката организација ИСИС.

“Јас секогаш ќе бидам војник во мојата земја. За две до три години, искрено се надевам дека ќе бидам во вистинска, оптимална форма за да и служам на мојата земја”, рече тогаш Иранскиот Хулк, а неговото деби во борбените тепачки со нож сигурно кај сите ќе привлече големо внимание.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close