Ирански товарен брод бил мета на напад во Средоземното Море: Инцидентот за Техеран е „терористички акт”

Фото: EPA-EFE/A. CARRASCO RAGEL

Ирански товарен брод со контејнери што пловел во Средоземното Море бил оштетен во напад оваа недела, соопшти ирански официјален претставник, нарекувајќи го инцидентот „терористички акт”. Бродот е лесно оштетен од експлозивна направа, но никој од него не е повреден, изјави Али Гиаси, портпарол на државната шпедиција ИРИСЛ. Наводниот напад се случил во средата.

– Таквите терористички акти претставуваат поморско пиратство, додаде тој, без да даде повеќе детали.

Обвинението доаѓа еден ден откако „Волстрит журнал” објави дека Израел нападнал најмалку 12 брода кои пловеле кон Сирија, од кои повеќето превезувале иранска нафта, со мини и друго оружје.

Нападите започнаа кон крајот на 2019 година и беа насочени кон ирански бродови и други ирански товарни бродови, се вели во текстот, повикувајќи се на „американски и регионални претставници”.

Некои од израелските напади во Црвеното Море и други области се насочени против снабдувањето со оружје за Иран, се вели во извештајот.

Нападите не ги потопиле танкерите, но принудиле најмалку два од бродовите да се вратат на пристаниште во Иран.

Израел се обидува да ја запре трговијата со нафта затоа што верува дека со профитот се финансираат регионални екстремисти, објави „Волстрит журнал”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот