Ирански хакери урнаа сајт на американска федерална агенција: Еве какви пораки испратија

Хакери/ Фото: ЕПА

Ирански хакери урнаа интернет страница на американска федерална агенција и објавија пораки со ветувања за одмазда за смртта на иранскиот генерал Касим Сулејмани, убиен во петокот во напад со дрон по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Страницата на Федералната агенција за објавување владини публикации (FDLP – Federal Depository Library Program) била сменета со страница со натписи на англиски и персиски јазик.

– Ова е порака од Исламската Репоублика Иран. Нема да престанеме да даваме поддршка на нашите пријатели во регионот – угнетените народи на Палестина, Јемен, Бахреин, народот и владата на Сирија и на Ирак.

Тие тврдат дека сајтот е урнат од „ирански хакери”, членови на „група за кибер-бебзедност на Иран”. Во пораката се упатува предупредување дека виновниците за смртта на Сулејмани ќе ги стигне „ужасна одмазда”. „Тоа е само мал дел од кибер-способностите на Иран”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот