Ирански генерал открил уред кој може да идентификува заразени од коронавирус

epa07858486 Iran's Revolutionary Guard Corps (IRGC) chief commander Hossein Salami speaks during a ceremony at the Tehran's defense museum, in Tehran, Iran, 21 September 2019. EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Според експертите, единствениот сигурен начин за тестирање на Ковид-19 е земање брис од нос или грло и лабораториско испитување.

Командантот на иранската Револуционерна гарда, генерал Хосеин Салами открил рачен уред за кој вели дека може да ги идентификува луѓето заразени со новиот коронавирус на оддалеченост од 100 метри, јави новинската агенција Тасним.

Салами рече дека прецизноста на уредот е 80 проценти без наведување докази, пренесе БИ-Би-Си.

– Основата на овој уред е да се создаде магнетно поле засновано на биполарен вирус во внатрешноста на уредот, така што неговата антена може да се фокусира насекаде во радиус од 100 метри  и да го идентификува заразеното место во рок од пет секунди, рече Салами.

Експертите велат дека единствениот сигурен начин за тестирање на Ковид-19 е земање брис од нос или грло, кој се испраќа во лабораторија за да се утврди дали има знаци на генетски материјал на вирусот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот