Ирански генерал доби санкции од САД

-Генералот Хасан Шавапор, е ставен во список на санкции за виза според секција 7031Ц од законот за санкции, изјави Хук на прес брифинг за новинарите.

САД денеска во рамките на својата „максимум притисок кампања” санкционираа водечки генерал на иранската Револуционарна гарда по разгонот на протестите во Иран, изјави Брајан Хук, специјален претставник на САД за Иран.

-Генералот Хасан Шавапор, е ставен во список на санкции за виза според секција 7031Ц од законот за санкции, изјави Хук на прес брифинг за новинарите.

Според него, генералот Шавапор извршил сериозни нарушувања на човековите права за време на протестите.

-Под негова команда лани во ноември во регионот Машар беше извршен масакр над 148 невини Иранци, изјави Хук. Додаде дека САД ја продолжуваат својата кампања на „максимален притисок врз Иран”.

-Колку повеќе Иран му се заканува на светот, толу повеќе ќе биде изолиран, изјави Хук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот