Ирански дрон нападна во близина на Киев- едно лице повредено

Фото: mia.mk

Едно лице е рането во напади извршени со беспилотно летало од иранско производство врз градот Бела Црква, стотина километри јужно од Киев, соопшти денеска регионалниот гувернер, Олексиј Кулеба.

Ова е прв напад извршен со дрон од типот „Шахед-136″ во таа област.

„Во текот на ноќта, непријателот изврши напади со беспилотни летала ‘Шахед-136’ врз Бела Црква”, објави Кулеба преку Телеграм.

Тој уште соопшти дека во нападите е рането најмалку едно лица, а оштетена е и инфраструктура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот