Ирански дипломат осуден за тероризам на 20 години затвор во Белгија

Иранскиот дипломат Асадолах Асади беше осуден за обид за тероризам во четвртокот од судот во Белгија за неговата улога во заговор за бомба во 2018 година насочен кон иранска опозициска група во Франција. Тој беше осуден на 20 години затвор, објави Дојче Веле.

Судот пресуди дека Асади и тројца други се обиделе да ги убијат највисоките лидери на Националниот совет за отпор на Иран (НЦРИ) за време на митингот во близина на Париз. Нивниот план беше откриен пред време од германската, француската и белгиската полиција.

Според документот на белгискиот федерален обвинител, виден од новинската агенција Ројтерс, инспекторите велат дека Асади ги транспортирал експлозивите за планираниот напад со комерцијален лет од Иран кон Австрија, според документот на белгискиот федерален обвинител, виден од новинската агенција Ројтерс.

Тројца Иранци со двојно белгиско државјанство беа осудени како соучесници на Асади. На сите тројца им е одземено белгиското државјанство.

Двајца беа уапсени од белгиската полиција на денот на митингот додека возеле од Антверпен со 500 грама експлозив ТАТП и детонатор. Обвинителите соопштија дека двојката ги добила материјалите за бомбата од Асади. Тие беа осудени на 18 години.

Правниот тим на НЦРИ соопшти дека полицијата спречила крвопролевање.

Извор: Дојче Веле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот