Иранската револуционерна гарда гранатираше курдски цели во Ирак

Иранско знаме / Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иранската револуционерна гарда денеска изврши артилериски напад врз базите на „курдските екстремисти“ во северниот дел на Ирак, јави иранската државна телевизија.

Според телевизијата цел на нападот бил „штаб на антииранските терористи“, со седиште во северен Ирак.

Техеран ги обвинува вооружените Курди и дисидентите, за вмешаност во актуелните немири во Иран, посебно на северозападниот дел, каде што живеат повеќето од околу 10 милиони ирански Курди.

Видео на денот