Иранска револуционерна гарда: Спречен обид за киднапирање на авион на „Иран Ер“

Фото: EPA-EFE/MAURITZ ANTIN

Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека властите во земјата спречиле обид за киднапирање на патнички авион во текот на изминатата ноќ, без притоа да наведе детали за инцидентот.

Обидот за киднапирање се случил во авион од типот „Фокер 100“ на авиокомпанијата „Иран Ер“ на летот од Ахваз на истокот на земјата до северозападниот град Машхад, пренесува агенцијата АП.

Во соопштемнието на Гардата не се споменува идентитет на киднаперите, но се посочува дека се обиделе да го пренасочат летот кон „јужниот брег на Персискиот залив“.

Поради инцидентот во кој нема повредени, авионот морал принудно да слета во Исхафан во централен Иран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот