Иранките добија дозвола да одат на стадион
Иранската влада конечно попушти под притисоците на ФИФА и им дозволи на жените да присуствуват на фудбалски натпревари на репрезентацијата.
– На жените во Иран за првпат по 40 години ќе им биде дозволено да присуствуваат на натпревари од квалификациите за Светското првенство во фудбал. Жените на 10 октомври ќе можат да присуствуваат на стадионот Асади во Техеран и да го проследат квалификацискиот натпревар против Камбоџа. Со овој потег Иран ќе му покаже на светот дека жените не се дискриминирани – изјави заменик министерот за спорт, Џамшид Тагизадехех.
Во Иран, жените имаа забрана да присуствуваат на стадионите уште од 1981 година, кратко време по Исламската револуција од 1979 година. Објаснувањето беше дека жените не смеат да бидат изложени на френетичното навивање на мажите и на нивните „невкусни” коментари.
ФИФА и нејзиниот претседател Џани Инфантино, како една од целите за иднина им е искоренување на дискримацијата на стадионите и фудбалските терени, и поради тоа, неодамна апелираа до Иран да им дозволи на жените присуство на стадионите за време на квалификациите за СП 2022 година. Доколку Иран не попуштеше на притисоците од ФИФА, Иранската фудбалска федерација ќе беше казнета и репрезентацијата ќе беше исфрлена од квалификациите за СП 2022 година.