Иранец освои 10 милиони долари на најголемиот покер турнир (ВИДЕО)

Иранецот кој живее во Германија, Хосеин Енсан е сензационален победник на Светската покер серија со што заработи неверојатни 10 милиони долари.

Откако еднаш триумфира на Европската покер серија, Хосеин Енсан по прв пат се најде на финалната маса и во Светската покер серија и веднаш успеа да ја освои титулата.

Тој во финалниот дуел беше подобар од Дарио Самартино кој за второто место освои шест милиони долари. На завршниот турнир од Светската покер серија учествуваа дури 8.568 покер играчи.

Како изгледаше последната рака која на Енсан му донесе дури 10 милиони долари погледнете во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот