Иранец ја одби наредбата од властите, тие му пратија специјалци

Меѓународната џудо федерација соопшти дека заменик министерот за спорт на Иран, Давар Зани му наредил на Саид Молаеи намерно да загуби меч во раната фаза од Светското првенство кое се одржува во Јапонија, за да ја избегне борбата со Израелецот Саги Муки.

Молаеи веднаш откако ја одбил наредбата од Владата, бил информиран од претседателот на Иранскиот олимписки комитет, Реза Салехи Амири, кој го информирал дека припадници на специјалните безбедносни служби се наоѓаат во домот на неговите родители.

Саид Молаеи на СП во Јапонија дојде како светски шампион, а дуелот со Израелецот Муки беше предвиден за во финалето бидејќи и двајцата џудисти беа најдобро рангирани во категоријата.

Тој изјави дека му било наредено да се повлече пред прелиминирната борба со џудист од Русија, за да не изгледа дека го бојкотира противникот од Израел. Молаеи одби да ја послуша наредбата и продолжи да се натпреварува, но загуби во полуфиналето и не дојде до дуел со Муки кој на крајот го освои златниот медал, а својот конкурент од Иран го нарече вистинска спортска инспирација.

– Јас сум натпреварувач.Но, живеам во земја каде законите тоа не ми го дозволуваат. Немаме избор, сите спортисти мора да ги почитуваат тие наредби – напиша Молаеи во соопштението до јавноста.

Меѓународната џудо федерација најави дека ќе му помогне на Иранецот кој се плаши да се врати во својата земја, да се подготвува за Олимписките игри во Токио идната година. Доколку Иран одбие да го пријави на Игрите, џудо федерацијата ќе го пеијави во тимот на спортисти бегалци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот