Иран затвори весник кој ја истражуваше вистината за бројот на заразени и мртви од ковид-19
Иран денеска затвори весник кој објавувал наводи на експерти дека официјалните бројки на заразени и починати од ковид -19 претставуваат само пет отсто од вистинскиот биланс.
Главниот уредник на весникот Џахане Санат, Мохамед Реза Сади ова го потврди за официјалната иранска новинска агенција ИРНА.
Весникот основан 2004 година објави вчера изјава од епидемиолог дека бројот на смртни случаи и заразени од коронавирус е 20 пати поголем од официјалните бројки кои ги објавува тамошното Министерство за здравство.
Епидемиологот исто така наведува дека првиот случај е откриен месец дена пред официјално објавениот прв случај на зараза на 19 февруари.
Ситуацијата е прикривана, како што за Џахане Санат рекол, поради одбележувањето на годишнината од Исламската револуција од 1979 и парламентарните избори.
„Властите ги прикриваа информациите од политички и безбедносни причини“, рече епидемиологот.
Во вчерашната изјава тој го критикуваше недостигот на тестирање и предупреди за нов бран инфекции следниот месец поради приемните испити на факултетите и шиитските празници.