Иран застана на нозе по проповедувањето на верскиот лидер (ВИДЕО)

ФОТО: EPA

Духовниот лидер за прв пат одржа проповед во последните осум години.

Антиамериканските демонстрации за поддршка на актуелната иранска власт денеска се одржаа во многу од градовите во Иран.

Државната телевизија вршеше пренос од различни краеви на земјата.

 

Учесниците на маршовите се појавија со портрети од верскиот лидер Алија Хамнеиј, но и антиамерикански пароли.

Чести беа и портретите од убиениот ирански генерал Касем Сулејмани, кој на почетокот на месецот беше мета на атентат од воените сили на Соединетите Американски Држави.

Духовниот лидер за прв пат одржа проповед во последните осум години. Ги обвини САД дека се кукавици поради убиството на Сулејмани.

Инаку, во минатото проповедите на духовиот лидер се користеа за да испрати важна порака и тоа најчесто се прави во моменти на криза.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот