Иран започна со заплени, истрага и масовно апсење поради убиството на Ханија
Исмаил Ханија, лидер на политичкото крило на Хамас во Катар, престојувал во Техеран на инаугурацијата на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан и бил бил сместен во безбедна куќа управувана од самата Револуционерна гарда, најлојалната и најелитна единица на иранскиот режим
Иранските власти уапсија повеќе од 20 лица, вклучително и високи разузнавачки службеници, воени претставници и персонал во воената безбедна куќа во Техеран, каде во средата беше убиен политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, како реакција на серијата безбедносни неуспеси што дозволија да се случи атентат на важен ирански сојузник , пишува Њујорк Тајмс.
Исмаил Ханија беше лидер на политичкото крило на Хамас во Катар и престојувал во Техеран на инаугурацијата на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан. Тој бил сместен во безбедна куќа во северниот дел на градот, каде што бил убиен со експлозивна направа заедно со телохранителот. Работите да бидат уште полоши, безбедносната куќа била управувана од самата Револуционерна гарда, најлојалната и најелитна единица на иранскиот режим, а Ханија бил убиен само неколку часа откако присуствуваше на церемонијата на инаугурација на новиот претседател.
Перцепцијата дека Иран не може да ја заштити својата почва или нејзините клучни сојузници може да биде фатална за иранскиот режим, бидејќи во суштина им сигнализира на нивните непријатели дека ако веќе не можат да ја урнат Исламската Република, можат да ја обезглават – изјави Али Вез, директор за Иран од агенцијата „Меѓународна кризна група“.
За време на неговите чести посети на главниот град на Иран, Ханија најчесто престојувал во истата безбедна куќа на Револуционерната гарда, а секогаш престојувал во иста просторија. Иран и Хамас веднаш го обвинија Израел за атентатот во средата. Израел не крие дека е во мисија да го уништи целиот Хамас, но доега не потврдил дека има врска со овој напад.
Истрагата ја презеде специјализираната разузнавачка единица на Револуционерната гарда и тие се во потрага по луѓе за кои се надеваат дека ќе ги доведат до членовите на тимот што го планирал и извршил атентатот и до луѓето кои им помогнале во извршувањето на атентат, потврдија двајца анонимни ирански функционери за „Њујорк Тајмс“. Очигледно, ова е многу комплицирана операција која не би можела да се изврши без ирански помагачи или агенти длабоко инфилтрирани во иранските структури.
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот Исток по заканите на Иран за напад врз Израел
Веста за бранот апсења ја потврди и самата Револуционерна гарда, која во соопштение наведе дека „големината и деталите за овој инцидент се истражуваат“ и дека „сè ќе биде откриено во догледно време“.
По нападот, иранските безбедносни агенти упаднале во зградата под контрола на гардата. Целиот персонал и чуварите од безбедната куќа биле ставени во карантин, некои уапсени, а сите нивни електронски уреди, вклучително и личните телефони, одземени. Посебен тим агенти испрашувале високи воени и разузнавачки службеници задолжени да го обезбедуваат главниот град, од кои некои се уапсени.
Истрагата ги таргетира и сите аеродроми во Техеран, каде исто така се испратени агенти да ги прегледаат снимките од надзорот со месеци наназад. Тие ги пребаруваат терминалите за пристигнување и поаѓање, салоните, ги проверуваат списоците на патници. Двајца неименувани ирански функционери изјавиле за „Њујорк Тајмс“ дека Иран верува дека членовите на тимот за убиства на Мосад се уште се во земјата и дека нивното апсење е примарна цел.
Револуционерната гарда сè уште немаобјавено официјално соопштение за истрагата и апсењата, но ветија жестока одмазда.
Иранската револуционерна гарда по убиството на Ханија: Одмаздата на Техеран ќе биде голема