Иран заплени нов странски танкер кој носел нафта во Персискиот залив

По случајот со британскиот танкер, иранската револуционерна гарда заплени уште еден странски танкер кој носел нафта во Персискиот Залив.

Како што е соопштено, бродот се обидел да прошверцува околу еден милион барели нафта, а бил запрен кај островот Ларак во Ормускиот Проток на 14 јули.

Минатата недела, иранската војска се обиде да заплени британски танкер, но не успеа во тоа.

Претходно, Велика Британија заплени ирански танкер кој носел нафта и го држеше во Гибралтар. Лондон верува дека оваа нафта е наменета за Сирија, со што се кршат европските санкции против земјата, но Техеран го негира тоа и бара бродот да се ослободи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот