ИРАН ЗА СМЕНАТА НА БОЛТОН: Ова е неуспех на стратегијата за максимален притисок на САД врз Техеран

фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Советникот на иранскиот претседател Хасан Рохани, оцени дека тоа што американскиот претседател Доналд Трамп го отпуштил советникот за национална безбедност Џон Болтон, претставува неуспех на „стратегијата за максимален притисок“ на Вашингтон против Техеран.

„Маргинализацијата и на крај елиминацијата на Болтон не е случајност туку одлучувачки показател за неуспехот на американската стратегија на максимален притисок пред конструктивниот отпор на Иран“, напиша Хесамедин Асхена на Твитер, пренесува Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека специјалниот американски претставник за Иран, Брајан Хук, минатата недела рече дека Иран очекува нови санкции и дека  САД се посветени на својата кампања за вршење „максимален притисок“.

Портпаролот на иранската влада Али Рабиеи напишал на Твитер дека со замнување на „најголемиот заговорник за војна и економски тероризам“, Белата куќа полесно ќе ја разбере реалноста на Иран.

– Џон Болтон пред неколку месеци вети дека Иран нема да потрае ни три месеци. Ние сме уште тука, а тој си замина – изјави Рабиеи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот