Иран уапсил 17 шпиони на ЦИА, некои од нив осудени на смртна казна

Апсење/ Фото: Архива на Слободен печат

Иран уапсил 17 шпиони кои работеле за американската Централна агенција за разузнавање (ЦИА) и некои од нив се осудени на смртна казна, јави денеска иранската државна телевизија.

Министерството за разунавачки работи соопшти дека разбило шпионска мрежа на ЦИА и оти се уапсени 17 шпиони.

Светските агенции, повикувајќи се на иранската агенција Фарс, јавуваат дека некои од уапсените се осудени на смртна казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот