Иран тврди дека соборил американски шпионски дрон во јужниот дел на земјата

Kорпусoт на Гардата на исламската револуција соопшти дека соборил американски шпионски дрон „Глобален Хоук” во јужниот дел на Иран.

Во соопштението се вели дека инцидентот се случил во областа Куха Мубарак, во провинцијата Хормозган, откако беспилотното летало влегло во воздушниот простор на Иран.

Претставник на Централната команда на вооружените сили на САД, сепак, негираше дека денеска американските беспилотни летала летале над оваа исламска република.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео претходно лично го предупреди Техеран дека ќе има последици ако загинат американски војници. Тој рече дека секое дејство на Техеран или неговите сојузници кои би можело да доведе до смрт на најмалку еден американски војник – ќе доведе до одмазда.

САД минатата недела го обвинија Иран за напад врз два танкера за нафта во Оманскиот Залив. Американската војска објави снимка со која се гледа напад на Иран, на која ирански сили отстрануваат неексплодирана мина од еден од танкерите.Иран ги негираше обвинувањата за неговата улога во инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот