Иран: САД можеби по грешка собориле сопствен дрон

Утрово претседателот Доналд Трамп изјави дека САД срушил дрон на Иран, кај Ормутскиот Теснец, но таа информација веднаш беше демантирана, а сега од Иран велат и дека САД по грешка веројатно срушиле сопствен дрон.

– САД можеби урнале еден од нивните дронови над Ормутскиот Теснец –  објави денеска помошникот на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, негирајќи дека американските сили собориле иранско беспилотно летало.

„Мислам дека американскиот воен брод ‘Боксер’ урнал еден од своите дронови“, напиша тој на својот профил на „Твитер“ на англиски јазик, мислејќи на инцидентот во кој, според зборoвите на американскиот претседател, Доналд Трамп, американски брод во четвртокот урнал беспилотно летало на Иран.

„Ние не сме загубиле ниту еден дрон на Ормуткиот Теснец, или пак било што друго“, додаде Арагчи.

Американскиот претседател Трамп вчера објави дека САД собориле иранско беспилотно летало над Ормушкиот теснец бидејќи опасно се приближило кон американски брод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот