Иран разгледува 13 сценарија за одмазда на Сулејмани

Фото: EPA-EFE/IRAN'S SUPREME LEADER OFFICE

Иран разгледуваше тринаесет „сценарија за одмазда” поради американскиот воздушен напад во кој загина иранскиот генерал Касем Сулејмани во Ирак. Тоа го изјави денеска секретарот на Врховниот совет за безбедност на Иран, Али Шамхани.

– Американците треба да знаат дека досега е разговарано за 13 одмазнички сценарија, па дури и ако постои консензус за извршување на најлошото сценарио, тоа може да биде историски кошмар за Американците – предупреди Али Шамхани.

Изјавата на Шамхани ја пренесоа западни медиуми повикувајќи се на иранската агенција Фарс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот