Иран предупредува дека сите што ќе го нападнат ќе доживеат пораз

Техеран, 24 септември 2019 (МИА) – Висок ирански воен функционер денеска изјави дека оние кои се обидуваат да го нападнат Иран ќе се соочат со пораз.

Изјавата беше дадена само еден ден откако иранскиот претседател Хасан Рохани рече дека земјата сака мир и стабилност.

САД, Саудиска Арабија и европските сили го обвинија Иран дека е одговорен за нападот врз нафтениот објект „Сауди Арамко” на 14 септември, додека Иран негира каква било врска со настанот, за кој одговорност презедоа јеменските бунтовници Хути.

– Ние постојано им кажувавме на нашите непријатели дека ќе одговориме на секое насилство врз нашата земја, што веќе го видоа американските беспилотни летала и англискиот танкер. Резултатот од нападот врз Иран ќе биде заробеништво и пораз – рече началникот на иранските вооружени сили, Мохамад Бакери.

Тој истакна дека неговата земја не е непријател со Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати и оти тие земји треба да се држат до Иран за да се одржи мирот во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот