Иран повторно го „пецна“ САД: За Рохани администрацијата на Трамп ја водат „почетници“

фото: EPA/ROLAND SCHLAGER AUSTRIA OUT

Хасан Рохани, претседателот на Иран, уште еднашка удри по Соединетите Американски држави.

Тој денеска изјави дека американската Администрација ја сочинуваат „политичари почетници со наивни идеи”.

Во говор, што беше во живо пренесуван на иранската државна телевизија, Рохани нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп „ги повлекол заканите упатени кон Иран”, откако неговите воени советници му препорачале „да не започнува војна” со Техеран.

Според Рохани, Трамп ја променил одлуката за започнување војна со Иран и како резултат на единството што го манифестирала иранската нација.

Трамп во неделата вечерта на Твитер објави дека евентуален конфликт со САД ќе претставува „официјален крај на Иран”.

– Ако Иран сака да се бори, тоа ќе биде официјален крај на Иран. Никогаш повеќе немојте да им се заканувате на САД, напиша Трамп на Твитер.

На ваквата објава на Трамп вчера реагираше иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф, кој оцени дека Трамп е „втурнат во геноцидни забелешки” и дека се обидува да го постигне она „што не успеале Александар (Македонски), Џингис (Кан) и останатите агресори”.

– Иранците одолеваа со милениуми, додека агресорите исчезнуваа. Обидете се со почитување – тоа успева”, додаде Зариф во својата објава на Твитер.

[ReviewDisclaimer]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот