Иран: Постигнат е договор за размена на затвореници со САД

Иран постигна договор за размена на затвореници со САД, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саед Хатибзаде, еден ден откако Вашингтон негираше дека договор е постигнат.

Иран постигна договор за размена на затвореници со САД, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саед Хатибзаде, еден ден откако Вашингтон негираше дека договор е постигнат.

„Нечуено, САД го негираат едноставниот факт дека е постигнат договор за прашањето на затворениците”, напиша Хатибзаде на Твитер.

„Хуманитарната размена е договорена со САД и Велика Британија во Виена, одделно од JCPOA (Заеднички сеопфатен план за акција) и станува збор за ослободување на 10 затвореници од сите страни. Иран е подготвен да го исполни денеска”, додава Хатибзаде.

САД вчера го обвинија Техеран дека е виновен за ќорсокакот во нуклеарните преговори и негираа дека е постигнат договор за размена на затвореници.

Иранскиот главен преговарач за нуклеарни прашања, Абас Араки, вчера на Твитер напиша дека САД и Велика Британија мора да престанат да ја поврзуваат хуманитарната размена со преговорите за нуклеарните прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот