Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Од авторите на Слободен Печат
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Иран: Полицијата уби демонстрант што го славел испаѓањето на репрезентацијата од Мундијалот

Иранските безбедносни сили вчеравечер застрелале и убиле демонстрант кој ја прославувал елиминација на иранската репрезентација од Светското првенство во Катар, јави „Би-би-си“.
Иран синоќа загуби од САД со 0-1 во последниот натпревар од групната фаза на турнирот, a на националниот тим му беше доволен и нерешен резултат за да се пласира во осминафиналето.
Активисти изјавија дека Мехран Самак бил застрелан во главата додека свирел со својот автомобил вчеравечер во северниот ирански град Бандар Азали, на Каспиското Море.
На видеа и од други места низ Иран, објавени на социјалните мрежи, можеа да се видат толпи луѓе кои ја слават елиминацијата на репрезентацијата од Светското првенство. Луѓето, очигледно антивладини демонстранти, се радуваат и играат.
مریوان غوغا است؛ شادی مردم از باخت تیم جمهورب اسلامی مقابل آمریکا.#IranRevolution pic.twitter.com/e9WCVuI0vn
— Saman Rasoulpour (@SamRasoulpour) November 29, 2022
Многу Иранци не ја поддржаа иранската репрезентација на Светското првенство, тврдејќи дека таа ја претставува Исламската Република, забележува „Би-би-си“.
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5