Иран подготви нацрт-предлог за укинување на санкциите

Знаме на Иран / Фото: МИА

Иран ги предаде нацрт-предлозите за укинување на санкциите и почитување на своите обврски на европските сили вклучени во разговорите за спасување на нуклеарниот договор, изјави водечкиот ирански преговарач, додека светските сили и Техеран се обидуваат да го оживеат договорот, пренесува Ал Џезира.

Информацијата доаѓа на четвртиот ден од индиректните разговори меѓу Иран и САД за целосно враќање на двете страни на договорот.

Разговорите продолжија по петмесечна пауза предизвикана од јунскиот избор на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој се смета за антизападен политичар.

Предадовме два нацрт-предлози. Се разбира, тие треба да ги проверат текстовите што им ги дадовме и ако се подготвени да ги продолжат разговорите, ние сме во Виена да ги продолжиме, изјави Али Багери Кани, шеф на иранскиот преговарачки тим и заменик министер за надворешни работи.

Европски дипломат во Виена потврди дека Иранците доставиле нацрт-документи до европската страна.

Според договорот, Техеран ја ограничи својата програма за збогатување ураниум како можен начин за создавање нуклеарно оружје во замена за олеснување на економските санкции, иако Иран тврди дека се обидува да произведува нуклеарна енергија само за цивилни цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот