Иран планира да го тужи Трамп за убиството на Сулејмани

Фото ЕПА

Претседателот на иранскиот Врховен суд Ебрахим Раиси соопшти дека американскиот претседател Трамп мора да биде осуден на меѓународно ниво.

Иран планира да го тужи американскјиот претседател Доналд Трамп за убиството на командантот на специјалните единици Кудс на Иранската револуционерна гарда, генералот Касем Сулејмани, соопшти денеска претседателот на иранскиот Врховен суд Ебрахим Раиси.

Раиси кажа дека одговорните за ова кривично дело ќе бидат процесуирани, пренесе Тасс, повикувајќи се на агенцијата Фарс.

-Мораме да го именуваме американскиот претседател како главен обвинет – рече Раиси, додавајќи дека Трамп мора да биде осуден на меѓународно ниво.

Тензиите на Блискиот Итсок ескалираа по воздушниот напад со американски дронови во близина на аеродромот во Багдад, на 3 јануари, кога беше убиен Сулејмани. Во знак на одмазда Иран со ракети гаѓаше две американски бази во Ирак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот