ИРАН ОДГОВОРИ НА ЗАКАНИТЕ НА НЕТАНЈАХУ: Следува „разорен одговор“

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Министер за одбрана Амир Хатами денеска изјави дека Техеран ќе испорача „разорен одговор” на секое израелско кршење на неговиот суверенитет.

– Секој непријател (вклучително и Израел) кој ќе се обиде да го загрози суверенитетот на Исламска Република Иран, на кое било ниво, ќе наиде на одлучен и разорен одговор и ќе зажали поради тоа –  посочи Хатами.

Изјавата на Хатами уследи откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот се закани дека ќе го нападне Иран со авиони Ф-35.

Нетанјаху на 9 јули при посета на воздухопловна база стоејќи пред авион Ф-35 изјави дека Иран „треба да запамети дека овие авиони можат да допрат до секое место на Блиски Исток, вклучително и Иран и секако Сирија”.

Хатами заканите на Нетанјаху ги оцени како „исклучително срамни”, додавајќи оти Иран го задржува правото соодветни да одговори на таков напад врз основа на меѓународните правила.

Хатами побара од иранското Министерство за надворешни работи да го осуди „израелското опасно однесување кои излегува од меѓународните норми”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот