Иран објави снимка од екипажот на запленетиот британски танкер (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Иран објави кратка видео снимка на која, како што тврдат иранските власти, прикажани се членовите на запленетиот британски танкер, кој во петокот го презема иранската револуционерна гарда, пренесува Си-Ен-Ен.

Снимката денеска е објавена на интернет страницата на иранската известувачка агенција Фарс.

На прикажаниот видео материјал се гледаат неколку членови на екипажот распоредени на различни локации во танкерот.

Некои од нив разговараат во собата за состаноци, некои управуваат со пловилото, а други пак работат во кујната.

Портпаролот на компанијата која управува со овие танкери, за Си-Ен-Ен, изјави дека засега не се во можност да ја проверат автентичноста на видеозаписот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот