Иран нуди 80.000 долари за семејствата на загинатите во падот на украинскиот авион, Зеленски ќе бара повеќе

Володимир Зеленски/ Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека Киев не е задоволен со висината на компензацијата која Иран ја понудиле на семејствата на државјаните од Украина, загинати во падот на патничкиот авион во близина на Техеран, и дека ќе бара повисока отштета.

– Иранската страна веднаш понуди 80.000 долари по семејство, што е навистина малку. Ќе бараме повисока сума – рече Зеленски за украинскиот телевизиски канал 1+1.

Зеленски напомена дека Украина и понатаму го чека Иран да ги испрати црните кутии од „боингот 737“, кој беше срушен на 8 јануари набрзо по полетувањето од Техеран.

Иранската војска призна дека по грешка го урнала украинскиот патнички авион, несреќа во која загинаа сите 176 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 11 државјани на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот