Иран: Нашите ракети можат да погодат американски бродови - Слободен печат
ВестиПланета

Иран: Нашите ракети можат да погодат американски бродови

Иран ги обвини САД за „психолошка војна", а врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека Техеран нема да преговара за нов договор.

Заменикот командант на иранската Револуционерна гарда Мохамед Салех Јокар тврди дека иранските ракети со краток дострел можат да дојдат до американските воени бродови во Заливот.

Иран ги обвини САД за „психолошка војна”, а врховниот водач, ајатолахот Али Хамнеи изјави дека Техеран нема да преговара за нов договор откако Вашингтон се повлече од иранскиот нуклеарен договор, склучен во 2015 година.

– Дури и нашите ракети со краток дострел лесно можат да дојдат до американските воени бродови во Заливот. Америка не може да си ги дозволи трошоците за нова војна. Земјата е во лоша ситуација во смисла на работна сила и социјални услови, оцени Јокар.

Во меѓувреме, политичкиот заменик на командантот на оружените сили на Иран Расул Санаи-Рад го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за нечесност.

– Постапките на американските водачи во вршењето притисок и покренување санкции…додека зборуваат за водење дијалог е исто што и да држиш вперен пиштол кон некого и од него да бараш преговори и пријателство, истакна Санаи-Рад.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close