Иран најавува помало почитување на нуклеарниот договор

Иран утре ќе објави нови чекори кои се однесуваат на помало почитување на нуклеарниот договор, кој САД го напуштија минатата година, објавија ирански медиуми.

– Иранската организација за атомска енергија утре во фабриката за преработка на тешка вода Арак ќе објави подготвителни чекори кои ќе се преземат за натамошно намалување на обврските на Техеран кон договорот, наведуваат медиумите.

Исто така, се додава дека Организацијата за атомска енрегија ќе објави и чекори за зголемување на резервите на збогатен ураниум и производство на тешка вода во Арак.

Иран минатиот месец престана да се придржува кон некои обрски од договорот потпишан со меѓународните сили во 2015 година, а потоа САД еднострано се повлекоа од него во 2018 година и повторно воведоа санкции против Техеран.

Иран тогаш предупреди дека ќе започне збогатување ураниум на повисоко ниво доколку светските сили во рок од 60 дена не ја заштитат неговата економија од американските санкции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот