Иранските власти исто така се подготвени за тоа експерти од Франција, Канада и САД да ги испитаат податоците од црната кутија, јави агенцијата „Тасним“.
Иран одлучи дека на Украина ќе ѝ ги испрати црните кутии од авионот кој по грешка го срушија претходно овој месец, информираше денес новинската агенција „Тасним“.
Иранските власти исто така се подготвени за тоа експерти од Франција, Канада и САД да ги испитаат податоците од црната кутија, јави агенцијата.
Во падот на авионот на 8 јануари загинаа сите 176 лица кои се наоѓаа во леталото.
– Со помош на експертското знаење од Франција, Канада и САД, ќе се обидеме податоците од црните кутии да ги анализираме во Киев – рече надлежното лице за иранската истрага Хасан Резаифар.
Тој додаде дека „ако овој обид не успее, кутиите ќе бидат испратени во Франција“.