Иран именуваше жена за амбасадор во Данска

Таа е една од триесетте нови ирански амбасадори кои беа на состанок со иранскиот претседател Хасан Рохани, соопшти Министерството за надворешни работи во Техеран.

Иран именуваше жена на амбасадорското место во Данска, изјави потпретседателката на иранската влада задолжена за женското и семејното право, а пренесе хрватски „Индекс“.

– Присутноста на жените во дипломатијата се смета за предност за земјата – напиша на Твитер Масуме Ебтекар.

Афсане Надипоур, која треба да го води иранската амбасада во Копенхаген, претходно долга низа на години работела во иранското Министерство за надворешни работи. Исто така работела и во иранската амбасада во Токио, а неодамна беше и портпарол на министерот.

Таа е една од триесетте нови ирански амбасадори кои беа на состанок со иранскиот претседател Хасан Рохани, соопшти Министерството за надворешни работи во Техеран.

Данското МНР рече дека се уште не е одреден датумот кога Надипоур ќе ја преземе функцијата.

Иран досега имаше жени на амбасадорски места во Малезија и Финска.

Од моментот кога Рохани го започна претседателскиот мандат во 2013 година, се повеќе жени во Иран добиваат можност за вршење на високи државни функции.

И покрај тоа, многу жени се жалат на нееднаквост, а во владата на Рохани исто така нема жени на министерски места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот