Иран има информации дека се подготвува напад: Нафтената инфраструктура на готовс

Фото: Профимедиа

Иранскиот министер на нафта Бижар Намдар Занганеј официјално го повика нафтениот сектор на неговата земја да биде на максимално ниво на подготвеност. Причина за тоа е се заканите за физички или сајбер-напади врз Иран, објави иранското министерство за нафта, а пренесе „Б92“.

Министерот објасни дека тие мерки мора да бидат преземени поради американските сакнции против Иран и тоталната економска војна која земјата на Блискиот Исток го обвинува Вашингтон дека ја води против нив.

Техеран на 21 септември ги негираше медиумските извештаи според кои некои од иранските нафтени постројки се пореметени во работата поради сајбер-напад.

Ријад, Вашингтон, Берлин, Лондон и Париз го обвинија Иран дека е одговорен за нападите со дронови во кои на 14 септември беше оштетена нафтената инфраструктура на Саудиска Арабија кога кралството, патем водечки светските извозник на нафта, мораше значително да го намали прозводството.

Техеран негира било каква вмешаност во тој напад за кој одговорноста ја преземаа јеменските бунтовници Хути кои Иран ги поддржува. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија вмешана е во војната во Јемен од 2015 година и ја поддржува меѓународно признаената влада.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека неговата земја подготвува одговор на тој напад, за по неколку дена подоцна да каже дека неговата земја ќе се воздржи од воени интервенции. Вашингтон по нападот ги засили санцкиите за Иранската централна банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот