Иран и Агенцијата за атомска енергија постигнаа привремен договор

EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија(ИАЕА) постигнаа договор агенцијата да продолжи со надзор на иранските нуклеарни постројки, изјави генералниот директор на ИАЕА Рафаел Гроси по разговорот со иранските официјални лица во Техеран. 

„Интензивните консултации доведоа до резултат. Постигнат е привремен договор. Агенцијата ќе продолжи со неопходната верификација и надзор на Иран“, напиша Гроси на Твитер.

Иранската агенција за атомска енергија заедно со меѓународната организација изјавија дека Иран ќе продолжи со своите обврски кон договорот за заштитни мерки. Со овој договир Межунродната агенција за атомска енергија ќе може во наредните три месеци да врши надзор во Иран.

Извор: Блиц.рс

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот