Иран го предупреди Израел да не презема воена авантура против нуклеарната програма

Знаме на Иран/ Фото: МИА

Иранскиот амбасадор во Обединети нации Маџид Такхтарванчи денеска испрати писмо до претседателот на Советот за безбедност на ОН во кое го предупредува Израел да не се впушта во „воена авантура” против иранската нуклеарна програма.

Неговото писмо уследи откако шефот на израелската дипломатија Јаир Лапид изјави дека еврејската држава го задржува правото да употреби сила против Иран.

– Ние предупредуваме на секоја погрешна проценка и сме против секоја воена авантура на израелскиот режим против Иран и нејзината нуклеарна програма, истакна Такхтарванчи.

Тој додаде дека „во изминатите месеци бројот и интензитетот на провокативни и авантуристички закани од израелскиот режим постојано расте до алармантно ниво” и повика на одговор против Израел со цел да завршат заканите.

– Систематските и директни закани од ционистичкиот режим докажува дека истиот е одговорен за терористичките напади врз (иранската) мирнодопска нуклеарна програма во минатото, посочи Такхтарванчи

 

Извор: МИА

Видео на денот