Иран го истражува нападот врз амбасадата на Азербејџан во Техеран, во кој има мртви и ранети

Иран го осуди оружениот напад врз Амбасадата на Азербејџан во Техеран и соопшти дека го истражува нападот со „висок приоритет и чувствителност, со посебни инструкции од политичките и безбедносните власти”.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Насер Канани, изјави дека најостро го осудуваат нападот врз Амбасадата на Азербејџан во Техеран, во кој едно лице загина, а две се повредени.

Тој изрази длабоко сочувство до азербејџанскиот народ и владата. – Размерите на овој напад и мотивот на напаѓачите се истражуваат со висок приоритет и чувствителност, со посебни инструкции од политичките и безбедносните власти. Резултатите од прелиминарните истраги на надлежните органи и институции покажуваат дека зад оваа акција стојат лични мотиви, рече Канани.

Шефот на техеранската полиција Хусеин Рахими информираше дека напаѓачот бил приведен по нападот.

Напаѓач утрово со автоматско оружје „Калашников” го уби шефот на службата за обезбедување на Азербејџанската амбасада. Двајца работници од обезбедувањето на Амбасадата, исто така, се повредени додека го спречувале нападот, соопшти Министерството за надворешни работи на Азербејџан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот